25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГолемата батерија е виновна за скандалот со Galaxy Note 7

Големата батерија е виновна за скандалот со Galaxy Note 7

gorivatra2

Експерти од „Samsung“ ја откриле причината за самозапалувањето на смартфоните „Galaxy Note 7“, соопшти „Волстрит журнал“, цитирајќи информирани извори од јужнокорејската корпорација.

Како што се претпоставуваше, причината за палењето на телефоните е во батеријата. Во некои модели таа била премногу голема, што доведува до нејзино прегревање.

Проблематичните батерии биле откриени не само меѓу произведените од подружниците на „Samsung“, но и направените од хонгконгската фирма „Amperex Technology“.

Официјалниот извештај од истрагата ќе биде претставен в понеделник – 23-ти јануари.

Смартфонот „Galaxy Note 7“ беше пуштен во продажба во август 2016-та година, но само два месеци подоцна, моделот во повеќе случаи се самозапалуваше, па корпорацијата прво ја стопираше продажбата, а потоа и производството на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП