Семејството на Лионел Меси демантира дека славниот фудбалер дал интервју за британскиот магазин „Coach“, а чии делови денеска ги пренесоа каталонските медиуми, во кои Меси вели дека ќе остане во Барселона додека таму го сакаат.
Меси сè уште нема постигнато договор со Барселона околу продолжувањето на договорот, што отвора шпекулации дека би можел да ги напушти Каталонците.
Во интервјуто, кое Меси го демантираше, наводно одговарал за Пеп Гвардиола, за неговите фудбалски идоли, за ривалитетот со Кристијано Роналдо.