25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's продава 80% од бизнисите во Кина и Хонг Конг

McDonald’s продава 80% од бизнисите во Кина и Хонг Конг

mckina33

Американскиот синџир ресторани за брза храна „McDonald’s“ продава 80% од својот бизнис во Кина и Хонг Конг, како дел од планот да ги прошири своите франшиза шеми за рестораните по целиот свет, пишува „BBC“.

Кинеската државна инвестициона група „Citic“ и американскиот приватен инвестициски фонд „Carlyle Group“ ќе преземат контролата на операциите по договорот вреден 2,1 милијарди долари.

„McDonald’s“ поседува и управува со околу 65% од своите 2.000 објекти во Кина, а франшизата му овозможува на синџирот да прибира дел од приходите од продажба, а во исто време ги намалува оперативните трошоци.

Синџирот за брза храна се обидува да ги насочат своите глобални операции, а промената на сопственичката структура е суштински дел од оваа реконструкција.

Во март минатата година компанијата објави дека бара партнери кои ќе помогнат за отворање на уште 1.500 ресторани во Кина, Хонг Конг и Јужна Кореја во следните пет години.

Според договорот потпишан во понеделникот, американскиот синџир за брза храна ќе задржи 20-процентен удел во кинескиот бизнис. „Citic“ ќе поседува 52% од него, додека „Caryle“ добива 28%.

Ривалот „Yum Brands“, сопственик на „KFC“ и „Pizza Hut“, исто така го реструктуира својот бизнис во Кина.

И двете марки се соочуваат со зголемената конкуренција на поевтините локални ресторани, особено во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП