26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon го зголеми бројот на роботи во магацините

Amazon го зголеми бројот на роботи во магацините

magacini-amazon533

Американската компанија за електронска трговија „Amazon“ значително го зголеми бројот на роботите во своите магацини во 2016-та година, соопшти „Seattle Times“.

Изданието, базирано во истиот град, каде што е седиштето на „Amazon“, минатата недела објави дека корпорацијата во моментов има 45.000 роботи во вкупно 20 центари за извршување на нарачки. Тоа е зголемување од 50% во однос на истиот период од пред една година, кога компанијата изјави дека има 30.000 роботи, кои работат заедно со до 230.000 вработени, додава „Business Insider“.

„Amazon“ ја купи компанијата за роботи „Kiva Systems“ во 2012-та година за 775 милиони долари. Роботите „Kiva“ го автоматизира процесот за донесување и пакување во големите магацини на начин кој и помага на „Amazon“ да биде поефикасна. Роботи кои тежат 145 килограми, може да носат пратки од по 317 килограми.

Кога „Amazon“ ја купи „Kiva“, Фил Хардин, директор за односи со инвеститорите на „Amazon“, изјави дека оваа инвестиција е од значење за голем дел од елементите од структурата на трошоците на компанијата и претставува голема иновација за неа. Тогаш тој потврди дека компанијата смета дека тоа ќе направи успешна работа во нејзините складишта.

Покрај тоа „Amazon“ користи други видови роботи во магацините, вклучувајќи огромни роботи кои можат да преместуваат гигантски палети. Компанијата додава по околу 15.000 роботи годишно, имајќи ги предвид неколку од претходните нејзини извештаи. На крајот на 2014-та година „Amazon“ објави дека има 15.000 роботи, кои работат во 10 складишта. Во 2015-та година бројката се зголеми до 30.000, а сега до 45.000.

Главниот финансиски директор на „Amazon“, Брајан Олсавски тврди дека бројот на роботите е различен во одделни магацини, посочувајќи дека некои се „целосно опремени“ со нив, додека други воопшто немаат такви машини од економски причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП