Металното стакло на NASA е новиот материјал на иднината

NASA работи на специјален вид на метално стакло од кое би можеле да бидат изработени идните истражувачки роботи – материјал кој е супер-силен, издржлив и може да функционира и при многу ниски температури.

За возило кое би истражувало замрзнати планети (како Европа, месечината на Јупитер), овие карактеристики се од клучно значење. Денешните ровери, како Curiosity, бараат загреани лубриканти за да можат да функционираат, што значи трошење на драгоцена енергија и напојување.

Со употребата на новиот тип на стакло, наречен BMG (bulk metallic glass), би се заштедило на овие ресурси, бидејќи нема да има потреба од, на пример, преземање на напојувањето од инструментите за да се загрее лубрикантот наменет за запчаниците.

Топлината е круцијална во формирањето на овој материјал – со загревање на металот во течна форма и негово повторно ладење за краток период (околу 1000 °C во секунда), неговите неорганизирани атоми се „заклучуваат“ во место, со што се создава материјал кој има некои од интерните карактеристики на течностите, што му дава уникатна флексибилност и издржливост.

Технички, BMG е стакло, може лесно да тече кога е загреано и како пластика да се моделира преку калапи во нови форми. Неорганизираната атомска структура исто така го редуцира бројот на слаби точки во металот – замислете нешто слично на T-1000 роботот од течен метал од филмот Terminator 2 и ќе бидете прилично блиску.

Последните тестови на NASA покажуваат дека запчаниците нудат силен вртежен момент и глатко се вртат без било каков лубрикант, дури и на температури од -200°C, а истражувачите ја демонстрирале и нивната употреба во скапите роботски компоненти кои ги движат вештачките зглобови.

BMG е материјал кој е далеку поевтин и полесен за изработка отколку конвенционалните материјали кои сега се користат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...