20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна за JP Morgan Chase од 264 милиони долари за мито

Казна за JP Morgan Chase од 264 милиони долари за мито

jp-morgan-chase-in-264-million-us-settlement-over-china-bribes

Американскиот банкарски гигант „JP Morgan Chase“ се согласи да плати повеќе од 264 милиони долари со цел да стави точка на обвинувањата за подмитување на функционери во Азиско-пацифичкиот регион, соопштија денес американските претставници.

„Давањето на престижни можности за вработување на неквалификувани поединци со цел да се влијае на владините функционери е просто и едноствано корупција“, се наведува во соопштението на шефицата на одделението за прекин на криминал при американското министерство за правда Лесли Колдвел, а пренесува агенцијата Франс прес.

Азиската филијала на „JP Morgan Chase“, наводно креирала програма во чии рамки вработувала деца и пријатели на високи кинески функционери, без оглед на нивните квалификации, со цел да се здобие со корист од тие функционери.

Таквата програма, според Колдвел, не е ништо повеќе освен мито.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП