20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon бара нова проценка на цената на договорот за Yahoo

Verizon бара нова проценка на цената на договорот за Yahoo

yveri

Адвокат на „Verizon Communications Inc.“ во четвртокот рече дека е „разумно“ прекршокот на безбедноста на податоците на „Yahoo Inc.“ да се смета за значајна промена во однос на купувањето на интернет компанијата, оставајќи ја вратата отворена за евентуално договорените проценети на 4,8 милијарди долари за превземање, пренесува „MarketWatch“.

На состанокот во канцеларијата на телекомот во Вашингтон, главниот советник Крег Симан изјави дека „Verizon“ сака „Yahoo“ да покаже целосно влијание од истекувањето на податоците. Прекршокот зафаќа повеќе од 500 милиони сметки, кој настанал пред две години, но беше откриен, откако договорот за спојувањето беше потпишан во јули.

„Мислам дека имаме доволно основа да сметаме, токму сега, дека влијанието е суштинско“, рече тој. „Ако тие сметаат дека тоа не е така, тогаш треба да ни го докажат“. „Verizon“ одби да ја коментира изјавата во детали. Портпарол на „Yahoo“ изјави дека „ние сме убедени во вредноста на „Yahoo“ и продолжуваме да работиме во насока на интеграцијата со „Verizon““.

Акциите на „Yahoo“ се намалија за 1,8% до 41,62 долари за акција во четвртокот, додека акциите на „Verizon“ речиси не ја променија цената.

Претходно оваа недела, претседателот на Бордот на директори и извршен директор на „Verizon“, објави дека операторот не планира да се откаже од купувањето на „Yahoo“, но не го исклучува извршувањето на промени во условите. Од „Verizon“ изјавија дека ги чекаат резултатите од истрагата на „Yahoo“, пред да одлучат како ќе продолжат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП