25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатна книга бесплатно ги промовира сите нови бизниси

Златна книга бесплатно ги промовира сите нови бизниси

z00k

Р3 Инфомедиа, сопственик на брендовите Златна книга и Маркетконект, преку својата онлајн платформа www.zk.mk обезбедува бесплатна годишна промоција во износ од 120 евра за секоја новооснована фирма во Македонија.

Со оваа активност се одбележуваат 10 години од функционирањето на www.zk.mk, во кои веб страната континуирано го зголемува бројот на клиенти и посетители. Активноста ги потврдува и корпоративните вредности на Р3 Инфомедиа насочени кон поттикнување на претприемништвото во нашето општество.

z01k

“Ни претставува големо задоволство да им понудиме конкретна помош на сите домашни стартап бизниси. Знаеме дека почетокот на работењето е исклучително тежок период, и се надеваме дека www.zk.mk ќе им помогне на секоја од новооснованите фирми да го зголемат бројот на купувачи” изјави Владимир Вецовски, Генерален директор на Р3 Инфомедиа.

Единствен критериум за користење на бесплатната промоција е фирмата да е регистрирана во Централен Регистар на РМ, не подолго од 12 месеци. Заинтересираните фирми треба да се пријават на [email protected] и да испратат копија од нивната тековна состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП