Два нови електромобили од Nissan

nisan

Nissan планира да ја зголеми својата палета на електрични возила, во која е и најпродаваниот електромобил на планетава – Leaf. Интересно е дека компанијата се насочува кон практични модели и ја напушта првичната своја намера да создаде целосно електричен спортски автомобил.

– Ќе инвестиравме дополнителни 5,4 милијарди долари во развојот на електрични модели, за да задоволиме што повеќе различни типови клиенти, изјави шефот на европската единица за електрични возила на Nissan, Герет Денсмор. Наскоро во палетата ќе лансираме кросовер, а потоа и субкомпактен модел кој ќе биде позициониран под Leaf.

Претходно оваа година потпретседателот на Nissan, Широ Накамура, потврди дека компанијата работи на нова модуларна платформа која може да се користи при развојот на електричен кросовер и спортски модел. Сепак, многу е поверојатно Nissan да создаде повеќе масовни електрични модели, отколку да креира спортска изведба, од која извори пак велат дека Јапонците не се откажуваат? По дебито на Leaf во 2010 година, Nissan редовно нуди електрични концепти кои покажуваат како би изгледале сериските модели на марката во блиска иднина. Многу е веројатно електромобилот од В-класата да користи идеи и решенија за дизајн од концептот од 2011 година – Pivo 3, а природно ќе е поставен веќе најавивме на платформата за електрични модели на Renault, која се користи кај успешниот Zoe. Во исто време се претпоставува дека втората генерација на Leaf ќе ја дели платформата со идниот кросовер. Многу е веројатно целосно електричната верзија на кросоверот да биде претходно најавена како plug-in хибрид, базиран на концептот Gripz. Најверојатно следните електрични модели на Nissan ќе се појават по неколку години на пазарот, со што компанијата ќе одговори на појавата на Chevrolet Bolt и особено Tesla Model 3.

Автоплус

- Реклама -